Спорт
Последен повик за пријавување на Виз Ер Скопскиот маратон
Најмасовниот и најпосетениот маратон до сега, ги повикува сите оние кои сакаат да бидат дел од Виз Ер Скопски Маратон да се пријават и да не чекаат до последен момент затоа што предвидениот капацитет се пополнува.
Пријавувањето е до 30-ти април, четврток. Годинешното издание на Виз Ер Скопски Маратон ќе биде најмасовен од сите изданија до сега. 11-тото издание на Виз Ер Скопски Маратон оваа година се одржува на 10-ти мај, по повод Денот на Европа, 9-ти мај.
Пријавувањето се врши преку веб страната на маратонот www.skopskimaraton.com.mk.




