Останато
ФОТОГАЛЕРИЈА: Почесен круг на маратонците во чест на загинатите бранители
Насловната фотографија е преземена од Твитер
Иако организаторот на Скопски маратон доцна синоќа преку официјално соопштение ги извести учесниците дека манифестацијата е откажана поради влошената безбедносна ситуација во државата, тоа не ги граѓаните, односно голем број маратонци утринава да се појават на стартната линија и да истрчаат еден круг од предвидената маршута во чест на загинатите полицајци во вчерашната акција во Куманово.
Присутните прво истрчале почесен круг, а потоа седнати на земја со едноминутно молчење им оддадоа почит на бранителите кои ги загубија животите бранејќи ја Македонија.




