Спорт
Србија е светски фудбалски првак за играчи до 20 години
Репрезентацијата на Србија е победник на Мундијалот за фудбалери до 20 години кој утрово заврши во Нов Зеланд.
Во финалето, избраниците на селекторот Вељко Пауновиќ, кој е роден струмичанец, со 2:1 го совладаа фаворизираниот Бразил и тоа по дури 120 одиграни минути. По основните 90 минути резултатот беше 1:1.
Станиша Мандиќ погоди во 70. минута, а само три минути подоцна Андреас Переира израмни.




