Останато
Светската пливачка елита денеска дел од Охридскиот пливачки маратон
Дваесет натпреварувачи од кои десет мажи и исто толку жени денеска точно на пладне ќе влезат во водите на Охридското Езеро, како учесници на 29-от по ред Охридски пливачки маратон – најголемата меѓународна спортска манифестација во земјата.
Охридскиот маратон, што се одржува под покровителство на Претседателот на Република Македонија, е редовна трка од „Гран-при“ серијата на Светската пливачка федерација (ФИНА). Се плива на патеката „Климе Савин“ од манастирскиот комплекс „Св.Наум“ до Градското пристаниште во Охрид, со вкупна должина од 30 километри. Првите маратонци на целта во Охрид ќе пристигнат некаде пет часа подоцна.
Oваа година боите на Македонија ќе ги бранат Томи Стефаноски и Евгениј Поп Ацев, кој во генералниот пласман во моментов е на одличното трето место со освоени 23 бода.

