Спорт
УЕФА ЛИГА НА НАЦИИ: На 24 јануари Македонија ги дознава противниците за новото натпреварување
Најдобрата репрезентација на Македонија е во групата на носители за првото издание на Лигата на нации.
Новото натпреварување на УЕФА ќе се игра во термините предвидени за пријателски натпревари, а ќе учествуваат 55 репрезентации од Европа, поделени согласно коефициентот на УЕФА.
На извлекувањето во Нион на 24. јануари македонската селекција ќе добие противници кои се послабо рангирани на ФИФА листата.




