Спорт
УЕФА соопшти: Европскиот Суперкуп 2017 ќе се игра на „Филип Втори“
Фудбалската федерација на Македонија ја доби довербата од УЕФА за организација на ексклузивниот дуел меѓу победниците на Лигата на Шампионите и Лигата на Европа за сезоната 2016/17 година.
Одлуката ја донесе Извршниот комитет на Европската фудбалска унија на состанок во Прага, а на прес конференција денеска ја соопшти Џани Инфантино, Генерален секретар на УЕФА.
Скопје во август 2017 година ќе биде домаќин на двете најдобри екипи на европска почва што претставува огромно признание за македонскиот фудбал и Фудбалската федерација на Македонија кои добиваат историска организација на врвен европски фудбалски настан.




