УЕФА контра Грција – останува ФФМ и ознаката MKD за македонската фудбалска репрезентација
УЕФА и официјално го одби приговорот на Грција за логото на Фудбалската федерција на Македонија (ФФМ) кое стои на дресовите на македонските репрезентативци на актуелното Европското првенство во фудбал – ЕУРО 2020.
Непосредно пред првиот натпревар во Букурешт, грчкиот министер за спрт Авгенакис го изрази приговорот на Атина кон амблемот ФФМ на дресот на репрезентацијата, велејќи дека договорот за името потпишан со Грција во 2018 година не утврдува јасно правила за употреба на кратенки.
На тоа македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи изјави дека сè додека не прима државни пари, ФФМ нема обврска да се прилагоди според Договорот од Преспа.


