Останато
Виз Ер Скопски Маратон 2015: Во недела ќе се трча Женската трка во Градски парк
Во организација на Сојузот на Спортови на Скопје, а под покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки на Виз Ер Скопски Маратон 2015, ќе се одржи 3-тата Женска трка, која има за цел да им помогне на жените со вежбање за превенција од заболувања. Уште само три дена до трката која ќе ги обедини сите жени, да трчаат на патеката полна со здравје.
На 5-ти април, недела, со почеток од 10 часот и 30 минути ќе се оддржи Аеробик час, а веднаш потоа, во 11 часот започнува и трката на 1000 метри. Место на случувањето е Градски парк, кај Школка. Право на учество имаат сите припаднички на понежниот пол од сите возрасти, а пријавувањето е најдоцна до денес, 2-ри април. Котизацијата за учество се симболични 100 денари.
