Кошарка
Започнува 39. ФИБА Европско првенство во кошарка
Со натпреварот Чешка – Естонија денеска во 14:30 часот започнува 39. ФИБА Европско првенство во кошарка кое ќе се игра во повеќе држави.
Организацијата на ова ЕП и беше доделена на Украина но заради познатите случувања во таа држава ФИБА одлучи истото да се одржи во Загреб, Рига, Берлин и Лил. Домаќин на завршницата ќе биде Лил со мулти-функционалната сала „Стад Пјер Моро“ со капацитет од 27.000 гледачи.
Македонската репрезентација се наоѓа во групата Ц која што ќе игра во Загреб. Во група со нашата репрезентација се и фаворитите Хрватска, Словенија, Грција, Холандија и Грузија. Токму со последниве две репрезентации, Македонија ќе се бори за место кое води во следната фаза.




