Uncategorized
ДИК денеска ќе одлучува по приговорите
Државната изборна комисија (ДИК) денеска во 11 часот ќе ја одржи седницата на која ќе се расправа и одлучува по приговорите од подносителите на листи на кандидати за пратеници.
Единствена точка на дневен ред е разгледување и одлучување по приговорите поднесени од подносителите на листи на кандидати за пратеници во Собранието, а кои се однесуваат на постапката за гласање и на постапката за сумирање и утврдување на резултатите, информираше ДИК.
До ДИК се пристигнати вкупно 16 приговори до ноќеска на полноќ кога истече рокот за поднесување приговори од политичките партии кои учествуваа на предвремените парламентарни избори.


