Актуелно
50 граѓани повредени од земјотресот во Скопје
Околу 50 граѓани од Скопје се повредени од земјотресите во Скопје. Според информациите, пренесени од медиумите,над 30 пациенти со скршеници на рацете и нозете и исеченици попладнево се примени во Клиниката за хируршки болести св. Наум Охридски.
Десетина пациенти се третирани во ГОБ 8 септември. Лекари од болницата информираат дека сѐ уште се прават неопходни снимања на дел од пациентите за да се утврдат повредите.
Како што изјавиле некои од пациентите, се повредиле додека се обидувале да избегаат од домовите за време на силниот земјотрес. Некои паднале по скали, други пак скокале од терасите од пониските катови.



