Актуелно
Со преку 30 говорници и 600 домашни и странски гости во вторник ќе се одржи најголемото 6. издание на Конференцијата за е-трговија
Сѐ е подготвено за 6. јубилејно издание на Конференцијата за е-трговија која ќе се одржи во вторник (14.11), во Националната опера и балет во Скопје, под мотото „Редефинирање на е-трговијата со вештачка интелигенција”.
Врвни и еминентни експерти од големите светски брендови Мета, Заландо, Нестле, Алегро, но и претставници од едни од најуспешните регионални бизниси ќе бидат дел од најавената висококвалитетна програма кои преку предавања, панел дискусии и разговори ќе ги пренесат своите експертизи и искуства од областа на е-трговијата, вештачката интелигенција, дигитализацијата и дигиталниот маркетинг.
Конференцијата и годинава има регионален карактер и истата е најголема досега – на истата ќе присуствуваат повеќе од 600 гости – успешни претприемачи, е-трговци, директори и менаџери на компании и владини претставници од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Албанија, Косово, Црна Гора и Бугарија што ја прави уникатна и единствена во регионот во своето шесто издание.





