Arena Sport од февруари достапен за корисниците на А1 Македонија
А1 Македонија со големо задоволство го најавува збогатувањето на понудата на своите телевизиски услуги со Arena Sport каналите веќе од февруари. Во првите три месеци оваа понуда ќе биде бесплатна за корисниците на А1.
A1 Македонија во февруари започнува со реемитување на 17 нови телевизиски канали помеѓу кои се и најатрактивните спортски канали Arena Sport 1, Arena Sport 2, Arena Sport 3, Arena Sport 4 и Arena Sport 5. Отсега, корисниците на телевизиски услуги на А1 Македонија, имаат можност да уживаат во спортските натпревари од UEFA Лигата на шампиони, UEFA Лига Европа, италијанското првенство Serie A, ракометната EHF лига, кошаркарските NBA и ABA лига, како и многу други спортски содржини.
“Кaко компанија која секогаш е насочена кон збогатување на своето портфолио на производи и услуги, со цел усовршување на корисничкото искуство, воведувањето на Arena Sport каналите го гледаме како голема придобивка за нашите корисници кои следат спортски содржини. Сите обожаватели на најважната споредна работа во светот, фудбалот, ќе имаат можност да ги следат ексклузивните содржини кои ги нуди Arena Sport, пред сè UEFA Лигата на шампиони, и веруваме дека отсега ќе уживаат уште повеќе токму со овие спортски содржини” – изјави Методија Мирчев, извршен директор на А1 Македонија.



