Актуелно
Ассеко СЕЕ со донација за македонската влада за справување со кризата
Како општествено одговорна компанија, а со цел да се помогне на државата во справувањето со кризата предизвикана од вирусот КОВИД-19, компанијата Ассеко СЕЕ успешно го имплементираше својот продукт „Asseco Live“, во контакт центарот на Владата на Република Северна Македонија.
Владиниот контакт центар е наменет за поддршка на бизнисот и граѓаните во врска со економските прашања во услови на справување со кризата предизвикана од КОВИД-19.
Компаниите и физичките лица со јавување на телефонскиот број 02/324-8040 ќе може да ги добијат сите потребни информации и појаснувања во врска со начинот и можноста за користење на економски и други државни мерки поврзани со актуелната состојба.


