Утре се одбележуваат 56 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
Секоја година 26-ти јули не потсетува на солидарноста на скопјани и на солидарноста на светот од 1963 година кога катастрофалниот земјотрес со својата уривачка моќ однесе многу човечки животи и го претвори Скопје во урнатина. Овој датум е врежан во колективната меморија за Скопје како еден од најтешките моменти во неговата историја и постоење.
Одбележувањето на 56-годишнината од катастрофалниот земјотрес во 1963 година, ќе започне со положување цвеќиња во 10 часот на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел.
Во 19.30 часот, на Школка во Градски парк, со концерт на Градскиот мешан хор „Вардар“ ќе започне концертот со кој Град Скопје оваа година го одбележува 26-ти јули, а потоа ќе следуваат Биг Бендот под водство на Љупчо Мирковски, поп ѕвездата Канита Сума, познатиот грчки хармоникаш Танос Ставридис, српската пејачка на изворни песни Биља Крстиќ и нашиот Влатко Стефановски.



