Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Кривичниот суд го прифати предлогот на Обвинителството – притвор за Бојан Јовановски и Милевски

Македонија

Кривичниот суд го прифати предлогот на Обвинителството – притвор за Бојан Јовановски и Милевски

Кривичниот суд официјално соопшти дека го прифатил предлогот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да им се одреди притвор од 30 дена на двете лица осомничени за изнуда на пари, за кои Обвинителството денеска отвори истрага.

Судот наведува дека постапувајќи по предлог на Обвинителството, пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд денеска беа спроведени двете лица со предлог за
определување мерка притвор.

– По прозинесување на спроведените лица и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот на обвинителството, судија на претходна постапка го прифати предлогот на обвинителството и донесе решенија со кои на двете лица им определи мерка притвор во траење од 30 дена со оглед да смета дека се исполнети условите од член 165 ст.1 точки 1,2 и 3 од ЗКП.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет, се наведува во соопштението кое Кривичниот суд го испрати по завршениот распит на двајцата осомничени.

Двете лица, Бојан Јовановски – Боки 13 и Зоран Милевски – Зоки Кичеец, Обвинителството ги товари за кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“, а првоосомничениот Јовановски и за „перење пари и други приноси од казниво дело“.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Македонија

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.