ПОВТОРНО ПОЧНА ДА ЧУКА: Четврта успешна трансплантација на срце во Македонија
Рано утрово срцето на 44 годишната пациентка чие семејство несебично ги донираше органите, почна повторно да чука.
– „Следните денови се критични да се надеваме дека телото ќе го прифати новиот орган.“ – напиша министерот за здравство Венко Филипче на својот фејсбук профил.
Пациент кој неколку години боледува од тешка кардиоваскуларна болест добива шанса за нов живот, се додава во објавата.


