Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Капитен со диплома – кој е Симон Кјаер, херојот на Европското првенство?

Актуелно

Капитен со диплома – кој е Симон Кјаер, херојот на Европското првенство?

Запознајте го човекот кој заслужува да се зборува за него.

Фудбалот е многу повеќе од игра. Некогаш само еден детал е доволен да сфатиме дека и актерите на оваа преубава игра се само обични луѓе и дека и на нив може да им се случи тоа што им се случува и на “обичните смртници”. Само една секунда е потребна  аплаузот и насмевките да се претворат во молк и тага.

Целата планета занеме кога во саботата Кристијан Ериксен (29) се онесвести на стадионот во Копенхаген, многумина се “заледија” од страв, но не и човекот кој стана херој на денот, а сигурно и на целото првенство. Човекот кој заслужува да се зборува за него – Симон Кјаер (32), капитенот на Данска. Кој е всушност Симон Кјаер?

Капитен со диплома

Искусниот стопер на Милан роден е во Хорсенс, а првите фудбалски чекори ги направил во екипата на Мидтлијанд. Таткото бил тренер, а мајката учителка. Симон тргнал по стапките на неговиот татко и се одлучил за фудбалот.

Набрзо на сите им станало јасно дека ќе стане одличен во тоа што го сака, но тоа сигурно не било учењето. Меѓутоа, очигледно желбите на неговата мајка имале влијание на тоа тој да дипломира.

Ручек во Мекдоналдс

За време на неговиот престој во Италија, новинарите ги интересирало што тој сака и како го користи слободното време, па тогаш сфатил дека и тој има “гревови”. Симон открил дека после натпреварите често оди на ручек во Мекдоналдс, едноставно не можел да оддолее на хамбургерите. Освен тоа слободното време го користи играјќи плејстејшн , но и со своето семејство, тој е среќно оженет и има две ќерки.

.

Го сакале во Реал, го барал и Фергусон

Пред да потпише за Палермо во 2007 година, за неговите услуги се интересирал Реал Мадрид, но одлучил да ги одбие со надеж дека ќе има поголема минутажа во Италија. Исто така и во ерата на Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед, сакале да го доведат, но наместо кон Англија тој се упатил да игра во Волфсбург, Германија каде што играл 3 години.

Подоцна променил многу клубови, лутал од Рома, Лил, Фенербахче и Севиља, па се до Аталанта и Милан, каде што после шестмесечна позајмица потпиша договор.

Меѓутоа, се претходно паѓа во вода, не е битно кој е Кјаер и што постигнал, кога покажа дека е пред се човек. Прибраноста во тие моменти е навистина за секоја пофалба.

Најпрво веднаш по падот на Ериксен тој реагираше и го намести во правилна позиција, му го извади јазикот како не би се угушил. Потоа тоа ја смируваше вознемирената сопруга на Кристијан и направи “човечки штит” од репрезентативците за да не го снимаат камерите неговиот соиграч.

Момче, секоја чест!

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.