Испратете фотографија на тема „50 Нијанси Воздух“ и добијте награда
„Еко-свест“ и Амбасадата на Кралството на Шведска од денеска дo 15 октомври ќе изберат најдобра фотографија на темата „50 нијанси воздух“ со цел да се подигне свесноста за квалитетот на воздухот во нашата земја.
Сите фотографии кои ги исполнуваат критериумите, ќе бидат дел од патувачката фото-изложба која ќе може да се види во јавниот превоз во Скопје, а првонаградениот ќе добие прочистувач за воздух Blue Air. За второто место е обезбеден термос, планинарско ранче, фитнес маичка, а третонаградениот ќе добие планинарско ранче, маичка, торба за пазарење, ѕвонче за велосипед.
– Урбаните средини стануваат сé понаселени, а со тоа и позагадени, со негативно влијание врз човековото здравје. Затоа, сите мора да покажат посветеност ваквата состојба да се промени, а градовите да се трансформираат во зелени, енергетски ефикасни, безбедни и здрави места за живот, на овие, и на следните генерации, велат од „Еко-свест“.




