
Актуелно
Во сабота „Бела ноќ“ на 10 локации во Скопје
Во сабота „Бела ноќ“ на 10 локации во Скопје
Скопје и скопјани по 16-ти пат, в сабота на 26. септември, ќе можат да бидат дел од Бела ноќ- градски културен настан кој стана традиционален.
Една недела порано од вообичаеното на 10 локации (паркингот пред СРЦ Борис Трајковски, МКЦ, Зеленото пазарче, Ибни Пајко плоштадот, Музејот на современа уметност, Домот на култура Кочо Рацин, Архитектонскиот факултет, Градската библиотека Браќа Миладиновци и Даут Пашиниот Амам), посетителите ќе можат да ги погледнат перформансите, концертите, изложбите и другите културно-уметнички активности.
Бела ноќ, во организација на Универзалната сала, со поддршка на Град Скопје, на граѓаните со својот урбан концепт ќе им ја доближи уметноста, додавајќи и нова, културна димензија.


