Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Актуелно

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

Маркетинг

На Halk Velo Green од 233 учесници се собраа 184.500 денари наменети за пошумување

На хронометар велосипедската трка Halk Velo Green што Халкбанк АД Скопје ја организираше на 8 септември, во Маврово, учествуваа 233 велосипедисти кои преку плаќање на котизација дадоа свој придонес за собирање на 184.500 мкд кои се наменети за пошумување на локација каде што има потреба од истото.

Овие средства од котизациите од пријавите за учество во трката, ќе бидат искористени за засадување на нови зелени површини на локации низ Северна Македонија кои ќе бидат дефинирани во соработка со Македонски шуми. Со финансиските средства коишто беа собрани од ланското учество се набавија 8 000 дрвја, со што беше направено пошумување во Свети Николе.

Велосипедската трка која по вторпат се одржува во целосна организација на Халкбанк АД Скопје, има за цел да промовира здрави животни навики кај населението и да придонесе кон зачувување на животната средина.

Годинава, за учество во Halk Velo Green за првпат беше воведена категорија за деца од 6 до 12 години кои возеа 12 километри, како и категорија деца од 13 до 17 години кои возеа патека во должина од 22 километри. Додека пак, возрасните лица, како и лани возеа патека во должина од 22 километри во две категории, ПРО и ХОБИ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.