Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Oд денес стартува директната авиолинија Скопје – Москва

Актуелно

Oд денес стартува директната авиолинија Скопје – Москва

Oд денес стартува директната авиолинија Скопје – Москва

ТАВ Македонија најави дека од денес стартува директната авиолинија Скопје – Москва. Првиот лет на руската авиокомпанија „Нордвинд” од Москва во Скопје треба да пристигне денес попладне во 17 часот и 10 минути.

Воспоставувањето на директната линија Скопје – Москва првично беше најавено за 21 мај 2021, но „Нордвинд” го одложи поради, како што соопшти, епидемиолошката состојба.

Новата редовна директна авиолинија меѓу Москва и Скопје, според најавите на „Нордвинд”, требаше да се одвива еднаш неделно, секој петок попладне со време на поаѓање од Меѓународниот аеродром „Шереметјево” во 14 часот и 45 минути и време на пристигнување на Меѓународниот аеродром Скопје во 17 часот и 10 минути. Со неа практично, по 20 години пауза повторно се отвора воздушната врска меѓу двете земји.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.