Вучиќ бара македонците да може да се вакцинираат во Србија со која вакцина сакаат
Српскиот претседател Александар Вучиќ побара од српската влада да дозволи и македонците да се вакцинираат бесплатно во Србија, со онаа вакцина која ја сакаат, а која е достапна во Србија.
– „Тие треба да можат да се вакцинираат целосно бесплатно и да добијат потврда за тоа, како и граѓаните на Србија“, рече Вучиќ, потенцирајќи дека земјата има доволно вакцини и дека успеала да вакцинира околу 630.000-640.000 нови граѓани во последните дваесетина дена.
Граѓаните на Босна и Херцеговина од денеска можат бесплатно да се вакцинираат во Србија, а ќе добијат сертификати за вакцинација исто како и српските граѓани.


