Правилната испорака на онлајн нарачките клучна во корона-кризата
Се покажа дека оваа година беше клучна за поштенската индустрија која му ја покажа на светот својата флексибилност, упорност и непроценливата улога која ја игра во секое општество.
Тоа беше дел од пораката за Светскиот ден на поштите, потенцирајќи ја важноста и пожртвуваноста на поштенските работници додека пандемијата и карантините беснееја низ целиот свет и истите работеа напорно за да ги достават поштенските пратки.
Сведоци сме дека доставата е една од клучните алки во синџирот на е-трговијата. Не секоја од компаниите има развиено своја достава, па затоа и најчесто се користат курирски компании за достава на пратките. Токму затоа, Асоцијацијата за е-трговија на Македонија преку платформата „eCommerce4All.mk“ на едно место ги прикажува сите курирски компании во Северна Македонија, каде транспарентно се прикажани ценовниците и можностите за испорака на пратки кои тие ги нудат, што ќе доведе до зголемена конкурентност и транспарентност за локалните компании за е-трговија и крајните клиенти.




