Американската ФДА официјално предупреди за миокардитис по примена мРНА Ковид-19 вакцина
Американската ФДА и официјално издаде предупредување кое важи за мРНА вакцините против Ковид-19, односно „Фајзер“ и „Модерна“, поради зголемен ризик од ретки срцеви проблеми (воспаление на срцето – миокардитис) по употребата.
Брошурата за овие вакцини е дополнета со предупредување дека има извештаи за компликации што укажуваат на зголемен ризик од миокардитис и перикардитис, особено по втората доза, со симптоми што се појавуваат неколку дена по вакцинацијата.
Во изјава за Популарно.мк од македонската МАЛМЕД потврдија дека во Македонија засега не е регистриран ваков случај.


