Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Расте бројот на онлајн купувачи, а двојно повеќе се користи електронското банкарство

Актуелно

Расте бројот на онлајн купувачи, а двојно повеќе се користи електронското банкарство

Расте бројот на онлајн купувачи, а двојно повеќе се користи електронското банкарство

Согласно последните објавени податоци од Државниот завод за статистика евидентен е растот во користењето на интернет од Македонците и онлајн купувањето во 2021 година. Интернет банкарството во 2021 година се користело за 104% повеќе од минатата година.

Граѓаните и компаниите се повеќе ги ползуваат придобивките од користењето на интернетот и можноста да ги комплетираат секојдневните активности онлајн, без разлика дали станува збор за бизнис или лични потреби.

Колку Македонците нарачуваат/купуваат онлајн? 

Според објавените резултати за 2021 година од страна на Државниот завод за статистика, е-трговијата бележи пораст од 15.5%. Спроведената анкета во првото тромесечие на 2021 година во Република Северна Македонија во која испитаниците се изјаснуваат за направените онлајн нарачки и купувања во последните 12 месеци покажува раст, односно 46,3% од интернет корисниците нарачале/купиле онлајн во последните 12 месеци, спрема 40,1% во истиот период минатата година.

“Во услови на пандемија, на рестриктивни мерки и забрани за движење и грижа за заштита на сопственото здравје се повеќе граѓаните се свртеа кон алтернативата на традиционалното купување – односно онлајн. Е-трговијата забележува пораст, а навиките на граѓаните се менуваат. Поради методологијата на собирање на податоците од ДЗС (истите се собираат во првото тромесечие од годината), податоците за минатата година не даваа виситнска рефлексија на влијанието на пандемијата врз е-трговијата. Иако се забележува раст од 15.5% во бројот на онлајн купувачи како процент од интернет корисниците, истиот не е значајно поголем во 2021 односно е приближно ист како и минатите години – во 2021 изнесува 46%, додека во 2020 беше 40%  и 36% во 2019. Од друга страна, она што е забележително како влијание на пандемијата е дека дури 84% од направените онлајн нарачки биле кон домашните е-трговци. Што се однесува до менување на навиките може да се забележи удвојување на користењето на е-банкарството и зголемување на учеството на корисници кои се повеќе бараат информации за производи и услуги онлајн. Сепак како што речиси секогаш посочуваме ова не е доволно и понатаму ќе работиме со сите засегнати страни трендот на раст да продолжи со засилено темпо со крајна цел да се одалечиме од дното на рангирањето во компаративната анализа со европските земји.  Асоцијацијата за е-трговија ги продолжува напорите, иницијативите и активностите со цел креирање поволна клима за забрзан раст на е-трговијата во земјава.” – објаснува Претседателката на АЕТМ, д-р Нина Ангеловска.

Колку од Македонците имаат пристап и колку често го користат интернетот?

Интернет пенетрацијата во првото тримесечје од 2021 година е зголемена на 83,7% опфат на домаќинствата, спрема 79,9% во истиот период минатата година. При тоа во истиот период оваа година 86,4% од Македонците на возраст 15-74 години користеле интернет спрема 81,4% минатата година. Притоа 87,8% од мажите користеле интернет спрема 85,1% од жените во истиот период.  Од аспект на секојдневната употреба на интернетот, 80,5% од Македонците биле активни на дневно ниво, а од аспект на родовата распределба,  82,6% од мажите, а 78,4% од жените користеле интернет секојдневно.

За што го користеле најмногу интернетот Македонците во 2021?

Македонците во 2021 година го зголемиле користењето на интернетот во сите категории, освен за продажба на производи или услуги. Најмногу во 2021 година се користи интернетот за телефорнирање односно 90,6% од корисниците, спрема 74% минатата година, потоа 85,2% го користеле за социјалните мрежи и тоа за (креирање кориснички профил, испраќање пораки или други прилози на Фејсбук, Твитер итн.), а 82,3% за инстант-пораки, т.е. размена на пораки, на пример, преку Skype, Messenger, WhatsApp, Viber и сл. При тоа жените (92,9%) повеќе телефонираат од мажите (88,4%) и повеќе го користат интернетот за барање информации поврзани со здравјето, додека мажите се во сите други активности на интернет повеќе од жените. За одбележување е порастот на користењето на интернетот за интернет банкарство каде има пораст за 104%.

Овој раст е мошне значаен, имајќи предвид дека во текот на 2020 година само 15,2% од населението го користело интернетот за е-банкарство, а во текот на 2021 година бројот се зголемува двојно и 31,1% од населението го користи интернетот за е-банкарство.

Што купувале најмногу онлајн?

Македонците како и во минатите години, најмногу купувале облека вклучително и спортска опрема или 66,6% и спортска опрема 16,3%,  додека другите категории на производи немаат значително учество и промени во однос на минатата година.

Од каде најмногу купувале онлајн?

Она што е особено значајно за е-трговците е дека Македонците најмногу онлајн купувале од продавачи од земјата, односно од домашни е-продавници (84,4%). Ако во минатото пред пандемијата, доминантна онлајн трговија била кај продавачите од другиот дел на светот, во 2021 година тоа учество е 17,9%  и 12,5% купувале од продавачи, односно е-продавници од ЕУ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.