Актуелно
Уште 48 часа можност за бесплатно да ја номинирате вашата е-продавница за изборот на најдобрите во македонската е-трговија!
Во тек се номинациите за изборот и наградувањето на најдобрите е-трговци за 2023 година „E-commerce Awards 2023“, а остануваат уште 48 часа можност бесплатно да ја номинирате вашата е-продавница за да биде дел од изборот на најдобрите во македонската е-трговија со пополнување на апликација преку официјалната веб-страница www.ecommerceawards.mk
На изборот, кој традиционално се одржува по трети пат во организација на Асоцијација за е-трговија на Македонија – АЕТМ, ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци за 2023 година, кои се натпреваруваат во 24 категории поделени во три секции: најдобри е-трговци во одбрани аспекти на онлајн продавање, најдобри е-продавници по сектори и шампиони во е-трговија. Оваа година, со цел да се опфатат уште поголем број на номинирани е-трговци, додадени се нови категории за „Најдобра достава во е-трговија“, „Најдобар е-огласник“ и „Е-продавница за различни производи“.
Дел од останатите категории за кои што можат да се номинираат е-трговците се: „Е-продавница за бела техника и електроника“, „Е-трговец со најдобра грижа за корисници“, „Е-продавница за бебешка и детска облека, опрема и играчки“, „Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми“, а главната награда е резервирана за категоријата „Е-трговец на годината“. Сите категории на натпреварот се достапни на овој линк.


