Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Албанската влада издвои 50.000 евра помош за Тетово

Актуелно

Албанската влада издвои 50.000 евра помош за Тетово

Албанската влада издвои 50 илјади евра за ублажување на последиците од поплавите во Тетовско и искажа длабоко сочувство за семејствата на настраданите. 

– Се доделува  финансиска помош на Владата на Република Македонија за ублажување на штетите предизвикани од поплавите. За таа цел се издвоени средства од 50 илјади евра, стои во одлуката на албанската Влада.

Веста најпрво на својот профил на Фејсбук ја соопшти шефот на дипломатијата Дитмир Бушати, оценувајќи ја ваквата одлука како чин на солидарност и братска подршка за Тетово.

– Солидарост и братска подршка за Тетово. Денеска одобривме фонд од 50 илјади евра како помош за надминување на вонредната состојба во Тетово, напиша Бушати на неговиот профил на фејсбук.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.