Актуелно
ВРЕМЕТО ДЕНЕС: Сончево со услови за краткотраен пороен дожд
Времето денеска ќе биде сончево со мала облачност. Кон крајот на денот облачноста ќе се зголемува и на југот од Македонија ќе има услови за појава на краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 12 до 19 степени, а дневната од 30 до 37 степени.
Во Скопје слично време, сончево со мала, а попладне со зголемена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 18, а дневната ќе се искачи до 37 степени.



