Актуелно
Археолошкиот и Музејот на македонската борба дел од Европската ноќ на музеите
Археолошкиот музеј на Македонија се приклучува на „Европска ноќ на музеите 2016“ и вечерва од 18 часот па се до полноќ овозможува бесплатен влез за посетителите.
Со ова и Археолошкиот музеј се приклучува на сите музеи од земјите од Европа кои го слават културното наследство и ги отвораат навечер вратите за посетителите. Настанот е со седиште во Париз и се повторува по 13-ти пат годинава.
Од Археолошкиот музеј информираат дека поради неизвесната бројка од посетители, водичите нема да презентираат низ музејската поставка, а последниот термин за влез ќе биде 23:30 часот.



