Актуелно
Балканот на удар на тропски жештини
Подрачјето на Балканот и денеска се наоѓа на удар на бран од тропски горештини, па властите им препорачуваат на граѓаните на земјите во регионот да бидат внимателни, особено оние што живеат во централните делови на поголемите градови.
Српскиот Републички хидрометеоролшки завод најави дека во текот на денов се очекува температурите во Србија да се искачат до 39-от степен, поради што е активиран црвен метео аларм.
Српските метеоролози најавуваат дека и во следните денови ќе биде сончево и мнгу теопло со температури повисоки од прсечните за овој период од годината.



