Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Барањата на средношколците ќе бидат разгледани на владина седница

Актуелно

Барањата на средношколците ќе бидат разгледани на владина седница

На денешната владина седница ќе бидат разгледани барањата на Средношколскиот пленум. Ова е ветувањето што им го дале министерот за образование и наука Абдилаќим Адеми и заменик министерот Спиро Ристовски на претставниците на пленумот кои денеска беа повикани на втора средба во МОН.

Претставниците на Средношколскиот пленум изјавија дека денешната средба им влева надеж и дека можно е да се врати стариот концепт на државна матура.

Сепак, бојкотот и кампувањето продолжуваат се додека не им биде потврдено дека ќе бидат прифатени нивните барања.

По завршувањето на средбата од МОН се уште нема официјален став.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.