Вести
Берово најстудено со -16 степени
Утрово најстудено е во Берово, каде што се измерени -16 степени. Утринската температура во Крива Паланка се спуштила до -11, Лазарополе и Маврово -10, Крушево и Битола -9, -8 во Прилеп, -7 во Тополчани, Претор, Пожаране, Виница, Демир Капија и Штип, -6 во Струмица, Дебар, Куманово, Ѓуриште и Охрид, -5 во Скопје и -1 во Гевгелија и Дојран.
Нови врнежи од снег нема, а формираната снежна покривка се движи од еден сантиметар во Пожаране, три во Штип и Крива Паланка, четири во Лазарополе, шест во Битола и Крушево, девет во Демир Капија, 10 во Ѓуриште, Тополчани, Берово и 22 во Маврово.
Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната темература ќе достигне од 4 до 10 степени.


