Вести
Берово утрово со најниска температура
Најниска температура утрово во Македонија е регистрирана во Берово, каде се измерени четири степени под нулата. Температура под нулата утрово имало и во Струмица минус два, и Демир Капија, Скопје – Петровец и Битола со минус еден.
Во другите градови се утринската температура се движела од нула во Виница, Тетово и Гевгелија, еден во Скопје, Крива Паланка, Штип, Лазарополе, Куманово и Прилеп, два во Дебар, три во Охрид, четири во Прето и Маврово, пет во Пожаране, шест во Ѓуриште, Крушево до седум степени во Тополчани.
Преку ноќта времето беше малку до умерено облачно, а изутринава облачноста се зголеми и времето е умерено до значително облачно. Во некои од повисоките места дува слаб до умерен ветер од западен и северен правец.



