Вести
Пресуда за грабежот во НЛБ банка
Во Основниот суд Скопје 1 денеска треба да биде соопштена пресудата на обвинетите за грабежот во НЛБ банка.
Скопското Јавно обвинителство на рочиште што се одржа на 27 октомври побара од Судот на обвинетите за грабежот да им одреди највисока казна, која според Кривичниот законик изнесува 10 години.
Четворицата обвинети за грабежот ја признаа вина, но не открија што сториле со украдените пари.



