Актуелно
Блокирани улици и зголемено полициско присуство во Куманово
Дел од улиците во Куманово од ноќеска се блокирани за сообраќај. Забележливо е зголемено полициско присуство на улиците „11 Октомври„ и „Тодор Велков“ во центарот на Куманово.
Во овој дел од градот лоцирани се повеќе клучни објекти, државни и локални институции и установи.
Вработените во институциите лоцирани на улицита „11 Октомври“ потврдуваат дека се на своите работни места и оти работата тече непречено.



