Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Средношколскиот пленум го става во мирување бојкотот на наставата

Актуелно

Средношколскиот пленум го става во мирување бојкотот на наставата

Насловната фотографија е преземена од Фејсбук

Средношколскиот пленум го распушта кампот во паркот спроти Министерстото за образование и наука и го става во мирување бојкотот на наставата. Одлуката ја донеле вчера, на нивниот последен генерален пленум во оваа учебна година.

Очекуваат до почетокот на новата учебна година МОН да го реши нивниот проблем, а со тоа и дека нема да го активираат бојкотот од 1 септември.

– Бидејќи временскиот рок не дозволува промена на екстерното тестирање, Пленумот го распушта кампот и го ставаме во мирување бојкотот, не би ли се свестило Министерството и не би ли дозволило негово повторно активирање. Имате време од цел летен распуст да ги средите работите. Грешките кои ги направивте, да ги исправите, изјави Исмет Шабановиќ од Средношколскиот пленум.

Пленумот е незадоволен од МОН кое со игнорантскиот однос дозволило колапс на средното образование во последните шест недели.

– Наместо решавање на проблемот, МОН дозволи пред неговите порти да се подигне камп и да спијат малолетници. Бидејќи нема простор за соработка и комуникација со МОН, донесовме одлука целата негова гарнитура, на чело со министерот Абдилаќим Адеми, да ја прогласиме за нелигитимна. Таа ја загуби јавната поддршка и кредибилитетот, а доказ за тоа се над 15.000 потписи кои Средношколскиот пленум ги собра за нецели две недели, додаде Шабановиќ.

Симона Туфегџиќ рече дека со одлуката за мирување на бијкотот не ставаат точка, туку запирка и дека борбата за подобро и поквалитетно образование ќе продолжи.

– Со почетокот на наредната учебна година, почнуваме и ние, со нови сили и нова надеж. Најавуваме уште побеспоштедна, погруба и порадикална борба за доброто на нашето образование. Ќе одиме до крај, се додека не го добиеме она што го сакаме – поквалитетно образование, рече Туфегџиќ.

На прашањето како ќе ги надоместат пропуштените часови, таа одговори дека за тоа ќе решаваат училиштата, односно самите ќе најдат компромоис со нивните професори.

Средношколскиот пленум соопшти дека финансиските донации кои ги собрале од граѓаните за време на кампувањето, ќе ги предадат за обнова на ОУ „Вук  Караџиќ“ во Куманово кое изгоре викендот во оружениот судир.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.