Вести
Бројот на средношколци намален за 15 илјади во последните четири години
Бројот на ученици во средното образование се намалил за 15 илјади во периодот од 2013 до 2017 година, покажуваат податоците на Институтот стратешки истражувања и едукација (ИСИЕ).
– Она што прво паѓа во очи е дека во 2013 година во сите години – прва, втора, трета и четврта во средното образование, имало 85 илјади ученици, а во 2017 година 70 илјади. Тоа значи дека бројот на ученици е намален за 15 илјади за само четири години, рече Дарко Спасевски од ИСИЕ.
Трендот на намалување на бројот на ученици, според него, се должи во најголем дел на демографски причини.



