Вести
Од утре повторно дожд во котлините и снег на планините
Под влијание на влажен бран утре ќе има врнежи од дожд долж Повардарието, во останатите делови од дожд и снег, а на планините од снег. Пообилни ќе бидат во западните и југоисточните подрачја каде ќе наврнат над 30 л/м 2.
Како што соопшти УХМР, снежната покривка ќе се зголеми, на планините позначително. Ќе дува умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе се движи од минус пет до девет степени целзиусови.
Во Скопје слично време со нула степени минимална и шест дневна.



