Актуелно
Четворица повредени во сообраќајка на патот Неготино – Кавадарци
Четири лица се здобиле со телесни повреди во синоќешната сообраќајна несреќа на регионалниот пат Неготино – Кавадарци, кај месноста „Криво мовче”.
Како што потврдија утринава од полицијата за МИА, во несреќата учествувале три возила од кои две патнички и едно товарно.
– Сообраќајката се случила околу 20:30 часот. Поради недржење на правец и страна на движење, патничко моторно возило „Фолксфаген голф” удрило во товарно моторно возило влекач „Ман” со полуприколка и патничко моторно возило “Опел корса”, кои му доаѓале од спротива. Повредени се двајца патници во голфот и исто толку во опелот корса, соопшти Дејана Недељковиќ, советник за односи со јавност при Секторот за односи со јаност во МВР на РМ.



