Актуелно
Неделава потопло – температурите над 40 степени!
Потопло време со температури над 40 степени, според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, не очекува во текот на оваа недела.
Денеска времето ќе биде претежно сончево и потопло со мала облачност и со слаб ветер од променлив правец. Во источните делови можен е краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. УВ индексот ќе изнесува 9.
