Актуелно
Невреме во северниот и северозападниот дел на Македонија
Попладневно регионот на северозападниот и северниот дел од Земјава го зафати невреме, проследено со силен ветер и грмотевици.
Од УХМР информираат дека поминал ладен фронтален систем кој беше проследен со локални врнежи од дожд, силни електрични празнења и силен ветер кој наместа достигнуваше до 100 км на час.
Фронталниот систем се повлекува од северозапад кон југоистокисток и постепено ја намалува јачината.


