Вести
ДИМИТРОВ: Не дигам раце додека не ни ја биде Македонија
Шефот на дипломатијата Никола Димитров по лажната вест дека поднел оставка од функцијата по вчерашниот референдум, на неговиот Фејсбук статус објави дека почнале специјална војна против него.
– Не им доаѓа ум. Специјална војна почнаа. Значи, како што вели Виктор Иго, нема ништо посилно од една идеја на која и дошло времето. Ќе ни ја биде нашата Македонија! И не дигам раце додека не ни ја биде, пишува Димитров.
Претходно, веста за оставката преку соопштение ја демантираше Министерството за надворешни работи, најостро осудувајќи ги, како што наведува, малициозните обиди за ширење лажни вести.



