Вести
ДРЖАВНА МАТУРА: Денеска се полага испитот по мајчин јазик
Во средните училишта во Македонија денеска од 10 до 14 часот ќе се полага испитот по мајчин јазик и литература во јунскиот испитен рок. Македонски јазик ќе полагаат 10119 матуранти, албански 4 474, а 373 се пријавени за турски јазик.
Мајчин јазик и литература е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура. Првпат годинава испитот по мајчин јазик се полага по испитот по странски јазик кој беше спроведен минатата сабота.
Од Државниот испитен центар за МИА велат дека искуствата од изминатите години, кога полагањето државна матура почнуваше со тестот по мајчин јазик и литература, покажале дека на матурантите им треба повеќе време за подготовка за овој испит затоа што се работи за пообемна испитна програма.



