Вести
Претпладне сончево и топло, попладне невреме со град и грмотевици
Ширум државата ќе преовладува променливо облачно и нестабилно време, на повеќе места со пороен дожд и грмежи.
Поинтензивни процеси се очекуваат попладне во северните и северозападните делови, каде локално ќе има пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и услови за појава на град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 20 степени, максималната од 24 до 32 степена, а УВ зрачењето седум.
Во Скопје, ќе биде променливо облачно околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи, со температура од 18 до 29 степени.



