Вести
Две жени и четири деца синоќа нападнати и каснати од куче во Аеродром
Куче скитник синоќа во неколку наврати нападна и касна две жени и четири деца во Аеродром. Шесте случаи се пријавени во Полициската станица Аеродром, а за кучето е известена шинтерската служба.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека синоќа од 22 до 02 часот по полноќ во Полициска станица Аеродром пријавени се шест нстани за каснати лица од куче кои се случиле на подрачјето на населба Аеродром помеѓу булеварите „Јане Сандански“ и АСНОМ“.
Станува збор за шест лица од кои две жени на возраст од 40 и 44 години и четири деца на возраст од 10 до 14 години.



