Вести
Ведро и студено, во Берово минус седум
Ведро и студено време преовладува утрово во Македонија. Најстудено било во Берово каде се измерени минус седум степени.
Во Скопје се измерени минус шест, минус пет во Тетово, Демир Капија и Битола, минус четири во Куманово, Скопје и Струмица, минус три во Лазарополе, Прилеп, Штип и Дебар, минус два Гевгелија и Претор, минус еден во Охрид, нулка во Пожаране и Виница. Над нулата утрово било во Ѓуриште со два степена, Куршево три, и Маврово, Крива Паланка и Дројан со четири степени.
Врнежи во последните 24 часа не се регистрирани.



