Актуелно
ЕКСПЕРТИТЕ ВЕЛАТ: Афтершокови може да има и 10 дена по силниот земјотрес
После земјотрес со магнитуда од 5,3 степени, како тој што вчера го погоди Скопје, нормално е да следи афтершокова активност на послаби земјотреси која трае од два дена до повеќе од 10 дена, вели Драгана Чунихин од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, пренесува ПЛУСИНФО.
– „Искуството покажува дека во скопскиот регион земјотреси до магнитуда четири се случуваат на десетина години, оние со магнитуда 5 на стотина години, додека пак тие со магнитуда шест на 500 години“ – вели Чунихин.
Таа повторува дека не може да се каже дали постои опасност или колкава е опасноста Скопје да се соочи со нов земјотрес силен како оној вчера или посилен.



