Вести
„Не ми се допаѓа“ на Инстаграм – нов чекор кон подобар онлајн простор или уште еден експеримент?
Instagram воведува значајна промена – копче „не ми се допаѓа“ за коментари! Некои корисници веќе имаат пристап до новата функција, која моментално е во фаза на тестирање.
Целта на ова копче е да им овозможи на корисниците да изразат несогласување со одредени коментари и на тој начин да влијаат врз нивното рангирање. Според бројот на „лајкови“ и „не ми се допаѓа“, коментарите ќе бидат позиционирани повисоко или пониско во секцијата за коментари.
Дали некој ќе види кога сте притиснале „не ми се допаѓа“?
Иако ова копче ќе влијае на видливоста на коментарите, Instagram нема да го прикажува бројот на „дислајкови“ и другите корисници нема да можат да видат кога сте го користеле.



