Вести
Евакуација на 200.000 жители поради пожарите во Калифорнија (ВИДЕО)
Наредена е евакуација на 200.000 луѓе, поради четири големи пожари кои беснеат на потег од Лос Анџелес до крајбрежниот град Вентура во американската сојузна држава Калифорнија.
Пожарите досега уништија околу 150 куќи и зафатија голема површина.
Првпат е наредена евакуација во областа Санта Барбара во Калифорнија, а автопатот помеѓу Лос Анџелес и Вентура е затворен периодично поради пожарот што ја зафаќа трасата над автопатот.



